Половина од европските фудбалски навивачи попрво би гледале важен натпревар отколку да водат љубов - покажа истражувањето кое го спроведе британската агенција SIRC. За фудбалот попрво би се одлучиле дури 72% од Шпанците, 67% од Норвежаните, 64% од Холанѓаните, 62% од Германците, 61% од Англичаните и 54% од Швајцарците.
Но затоа предност на фудбалот наместо водењето љубов, му дале само 17% од португалските навивачи, 25% од италијанските, 27 % од француските и 30% од белгиските навивачи, се наведува во истражувањето спроведено помеѓу 2000 европски навивачи.
|