Најскапиот хамбургер на светот се продава на Волстрит во Њујорк и чини 175 долари. Неговите творци од ресторанот Wall Street Burger Shop признаваат дека станува збор за чиста декаденција, но тврдат дека цената е реална заради состојките од кои е направен хамбургерот.
Хедер Тиерни, ко-сопственичка на ресторанот, изјавила дека овој специјалитет им го нуди на тие што имале успешен ден на Волстрит. Плескавицата е направена од исклучително ценетата Коба (говедско месо), потоа богато надополнета со црна тартуфа (исклучително скапа печурка), паштета од гуска, сирење Gruyepe и шумски печурки. Деликатесот е спремен во brioche пециво. Сите состојки се со прелив од мајонез од златна тартуфа и гарнирани со различни видови зеленчук. Според сопствениците, ресторанот месечно продава од 20 до 25 вакви хамбургери.
|