Финансиска проневера тешка 6,7 милиона евра е откриена во Мактел. Ова го утврдила внатрешната истрага што ја отпочна Маџар Телеком. Доказите упатуваат на финансиски малверзации направени во периодот од 2004 до 2006 година, во време кога на директорската позиција беше Атила Сендреј.
Во извештајот од компанијата што ја врши истрагата стои дека откриени се докази за шест незаконски договори со фирми од Кипар за советодавни, маркетинг услуги, извештаи за работа на компанијата и лобирање во Македонија.
Истрагата ке продолжи и натаму и засега не се знае како тоа ке се одрази на работењето на компанијата во Македонија. Од „Македонски телеком“ немаат коментар за финансискиот скандал бидејќи велат истрагата ја води „Маџар Телеком“.
Поранешниот директор Сендреј, во чие време се тврди дека има докази за финансиски малверзации, пред една година беше разрешен од функцијата заедно со уште еден унгарски директор.
Во бизнис круговите уште тогаш се коментираше дека заминувањето на Сендреј е поврзано со истрагата што се спроведува во „Мактел“ за да се утврди дали директорите работеле согласно законите.
Познавачите коментираат дека во ваква ситуација сите акционери, како и државата можат да покренат кривична постапка. Ваков финансиски скандал пред две години беше откриен и во црногорскиот „Монет“ по што истрагата беше насочена и во Македонија.
AP - Toyota said Thursday that its fiscal first-quarter profit plummeted 28 percent, and the automaker stuck to its forecast that full-year profit will...