|
Бијонсе во Очајни Домаќинки |
|
Авторот на Очајни Домаќинки неодамна изјави дека Иди (Николет Шеридан), можеби нема да го дочека крајот на актуелната четврта сезона, а на нејзино место е возможно да дојде музичката дива Бијонсе! Нејзиниот татко и менаџер Метју Ноулс наводно веќе и осигурал епизодна улога, но судејќи според написите, тој се надева дека ќе и среди и траен ангажман.
„Веќе се согласија да и дадат епозодна улога на Бијонсе, но ние се надеваме дека нејзиниот лик ќе дојде до израз и ќе му се даде повеќе простор.. или можеби трајна улога.“ - открил за MediaTakeOut.com извор од екипата на пејачката. Во САД моментално се одржува четвртата сезона, а познато е дека Николет Шеридан нема да го дочека крајот. „Иди ќе ги прекрши сите морални правила како никогаш до сега, што ќе донесе разорни последици и шокантен завршеток во Вистерија Лејн“ - рекол Марк Чери, авторот на серијата.
|