|
Јасмина среде дрога скандал |
|
Мистеријата што деновиве ја разбранува чаршијата за тоа дека една наша фолкерка е фатена со дрога преку барата е разјаснета. Муабетите одеа до таму дека дури завршила и во затвор, но вистината е дека престојот на нашата популарна фолкерка Јасмина Мукаетова во САД се претвори во најстрашен кошмар. Минатиот викенд во дискотеката "Кинг" во Њу Џерси, каде Јасмина била излезена на забава, влегле педесетина полицајци вооружени до заби. Музиката сопрела, девојките врескале! Полицајците на гостите им наредиле веднаш да замолчат, да ги испразнат џебовите и да не даваат отпор.
"Бев преплашена до смрт. Од мака, бес и шок, ми потекоа солзи. Бараа дрога, тоа беше сериозна рација", раскажала фолкерката за таблоидот Свет која е се уште во САД. Се обидел да и помогне нејзиниот мистериозен пријател и неколку негови другари, со кои таа била излезена, но полицајците во истиот момент им забраниле да се движат. По три пеколни часа што пејачката ги исплакала под полициската контрола им било дозволено нејзе и на нејзините пријатели да ја напуштат дискотеката. Нејзиното излегување во долг црн фустан и дамска чанта во едната рака го забележале американските фоторепортери. Следното утро нејзината фотографија се појави во дневниот печат со коментар под сликата: "Гостите расплакани ја напуштаа дискотеката". Полицијата се превртеле, ама во дискотеката не било пронајдено ништо од белиот прашок! "Таа рација ја чинело полицијата илјадници долари, директно ја пренесуваа три локални телевизии, а јас се најдов ни крива ни должна на среде сиот тој хорор. Но, веќе следниот ден кога се прибрав, се смеев на ситуацијата во која се најдов", изјавила од Њу Џерси популарната фолкерка.
|