|
Дома
|
|
Која е која? |
|
Која е која, Елена Велеска или Сузана Гавазова?! Веројатно, само авторот на фотографиите, извесен Томе Табанов знае, кој по исти терк струмичанката и прилепчанката ги "средил" да личат како јајце на јајце. Очигледно споменатиот во недостиг на идеи решил да ја "скине" својата поранешна соработничка Велеска, која во моментов е на породилна пауза, и да ја стокми својата сегашна муза Гавазова.
Двете сексапилни фолкерки, кои не се срамат да покажат со какви атрибути располагаат, се поранешни другарки и цимерки и имаат заеднички почетоци низ кафеаните во струмичката околина. Интересно е што најновата фото-сесија на Гавазова всушност и не е првата копија. Досега двете споменати секс-бомби имаа неколку слични изданија, како она со афрофризурата и гардеробата со животински принт. За останатите сличности повеќе соблечено, отколку облечено - деколтеата, бесните чизми и мини здолништата, нема што да се каже... Освен позите и полуголиот аутфит (судејќи според последно сработеното) иста им е и шминката. Додуша сега тазе мајката има нови гради и нова уста, па не мора да се црви до носот (како што тоа некогаш го правеше и Мукаетова) како Гавазова, која се уште ги нема почувствувано благодетите на естетската хирургија. Очите, пак, благодарение на тоа што им се нашминкани мачкасто им се идентични. Уште една разлика на фотките е тоа што Гавазова за разлика од Велеска има гаќички. Тоа може да биде и среќна околност затоа што во спротивно и родените мајки би ги помешале.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 26°C 1011mb |  calm km/h |
|
|