|
Дома
|
|
Принцот Чарлс се разведува?! |
|
Британскиот престолонаследник Принцот Чарлс и неговата сопруга, војвотката од Корнвол Камила, се наоѓаат пред развод. Американскиот таблоид Глоуб пишува дека на Камила идошло преку глава и по три години брак ќе го остави Чарлс. За потсетување, двојката со години ја криеше својата љубов, а девет години по разводот од принцезата Дајана, поточно, на деветти април 2005 година, Чарлс и Камила конечно се венчаа.
“Тие веќе некое време живеат одвоено. И натаму се заедно во јавност, но само за да ја маскираат тажната состојба на својот брак“, пишува весникот. “Нема шанси Камила да му се врати. Моментално се во фаза на пробна раздвоеност“ вели извор близок до двојката. Иако по венчавката им “цутеа рози“, Чарлс станувал се понервозен. Наводно нетрпеливоста кулминирала по посетата на францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни на Лондон. “Постојано се караат бидејќи Чарлс не ја поднесува инертноста на Камила, однесувањето недостојно за член на кралското семејство, како и стилот на животот“ велат од дворецот. Според пишувањето на “Глоуб“, принцот и изјавил на Камила дека бракот со неа “бил грешка на неговиот живот“ и дека никогаш не требал да се разведе од Дијана, која погина во 1998 година во сообраќајна несреќа.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 28°C 1010mb |  14 km/h |
| | Bitola: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 28°C 1010mb |  14 km/h |
| | Gevgelia: |  | 27°C 1010mb |  calm km/h |
|
|