Дома Вести Македонија Кој го продава името?!
|
|
Кој го продава името?! |
|
Радмила Шеќеринска, треба да му објасни на македонскиот народ, како за само шест месеци ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ, вели лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов. -Кога зборува Шеќеринска за компромис со Грција за влез во НАТО, треба на граѓаните да им објасни дали тоа значи промена на името преку промена на Уставот? Дали тоа значи откажување од македонскиот идентитет, јазик, писмо и култура? Дали тоа значи новото име да не се користи за комуникација со 120-те држави кои што не признаа под Уставното име - изјави Трајанов.
Според лидерот на ДС, загрижува фактот што Радмила Шеќеринска е во друштво со Тито Петковски, Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец, кои последните месеци, здушно се залагале за промена на името на државата, не водејќи сметка за нашите национални и државни интереси. - Имаме основа да се сомневаме дека Шеќеринска и СДСМ, за да се дограбат до власта се подготвени да го жртвуваат името на државата и македонскиот идентитет - напомена Трајанов. Тој додаде дека Шеќеринска повторно започнала со манипулации и лажни ветувања, нудејќи решенија за извонредно тешките проблеми за 6 месеци, не давајќи одговор зошто СДСМ не ги решила тие прашања за време од 13 години колку што досега беше на власт. - Ги повикуваме граѓаните да се спротивстават на манипулациите и лажните ветувања и да ги поразат сите оние кои што се обидуваат на овој начин да дојдат на власт, газејќи го националното достоинство и загрозувајќи ги перспективите на македонскиот народ и држава - рече претседателот на ДС Павле Трајанов.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 26°C 1011mb |  calm km/h |
|
|