Во текот на својот животен век жените во просек препеглуваат 346 километри материјал, а мажите нешто повеќе од 117, покажаа статистичките податоци. Тоа е еквивалент на должината на шест маратони, односно два дена пеглање годишно. Студијата опфатила 3.500 возрасни, од кои 45% мажи ја „прескокнувале“ оваа работа надевајќи се дека некој друг ќе го направи тоа. Една четвртина признале дека облеката се уште им ја пеглаат мајките. Анкетата покажала дека луѓето во просек пеглаат 20 парчиња облека неделно, вклучувајќи два пара панталони, 15 маици и долна облека.
Најдобро време за пеглање, тврдат истражувачите, е околу три часот попладне. Некои велат дека пеглањето им е некој вид терапија за смирување.
Една петтина од испитаниците изјавиле дека оваа активност ја користат како изговор да не мораат да ги чуваат децата или да бидат со партнерот.
Сепак, повеќе од половина признале дека барем еднаш во животот уништиле некое парче облека поради незнаењето како да го испеглаат.
AFP - Dozens of people were injured in an explosion late Thursday at a gala concert in Minsk attended by Belarussian President Alexander Lukashenko,...