|
10 тима на набљудувачите на ОДИХР веќе се распоредени во Скопје, Тетово, Куманово, Охрид и Прилеп. Повеќето од 21 долгорочен набљудувач на ОДИХР веќе престојувале во Македонија, а некои го зборуваат и македонскиот јазик. Од забелешките на долгорочните набљудувачи на средина од изборниот процес ќе биде подготвен интерниот извештај на странските набљудувачи за изборите во Македонија.
„Ова се препораки за нештата кои се прават погрешно, за работи кои можеби властите би сакале да ги изменат. Во секој случај, ова е шанса да се промени нешто пред денот на изборите“, изјави амбасадор Роберт Бери, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР. До странските набљудувачи стигнале вестите за инцидентите пред официјалниот старт на изборната кампања, која исто така се набљудува од ОДИХР. „За инцидентите чувме од изборните и судските власти, кои треба да се справат со нив. Не е невообичаено да има инциденти пред изборите. Но, ние не можеме да даваме мислење за работи кои ние лично не сме ги виделе“, рече Бери. Седиштето на странските набљудувачи е веќе подготвено за регистрирање на целиот изборен процес и јавувањето на медиумите. Тука се вршат подготовките за пристигнувањето на околу 250 краткорочни набљудувачи непосредно пред денот на изборите 1 јуни.
|