Албанските емигранти во својата татковина годишно преку банките внесуваат околу една милијарда евра. Добар дел од девизи се внесуваат и на рака, така што висината е многу повисока, велат експертите на Албанската национална банка. Експертот Ендрита Џафери во својата последна студија наведува дека минатата година во Албанија емигрантите преку банките внеле 947 милиона евра. Во споредба со 2006 година, има зголемување за 12 милиона евра.
Таа додава дека во студијата направена за девизите што ги внесуваат емигрантите во Албанија, се наведува дека висината на средства е многу поголема, ако се има предвид дека добар дел од девизите во земјата се внесуваат и во раце. Инаку најголемиот дел на внесените девизи се инвестираат во изградба на станбени објекти, мали бизниси како за учење на младите. Во студијата се наведува дека во последните 15 години, во земјата се внесени 6,6 милијарди евра. Податоците говорат дека средствата што ги внесуваат во Албанија емигрантите, претставуваат една од основните „инфузии“ за албанското семејство, но и општеството во целина.
|