|
Коалицијата „За европска Србија“, предводена од српскиот претседател Тадиќ, освои 38,7% од гласовите или 103 мандати, соопшти директорот на Центарот за слободни избори и демократија, Зоран Лучиќ. Според прелиминарните резултати на Центарот, по обработени 85% од бирачките места, „Српската радикална партија“ е втора со 29,1% гласови, односно 77 мандати. За коалицијата Демократска партија на Србија-Нова Србија, предводена од Коштуница, гласале 11,3% од гласачите (30 мандати), а за коалицијата предводена од Социјалистичката партија 7,9% (20 мандати).
Либерално демократската партија добила поддршка од 5,2% од бирачите, по што би требало да добие околу 13 пратеника во Парламентот. Бошњачката листа за европски Санџак освоила 0,8% од гласовите (2 пратеника), а Унгарската коалиција 1,8% (4 пратеника). За Коалицијата на Албанците од Прешевската долина гласале 0,5% од гласачите и ќе добие еден мандат. Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија, на гласање излегле околу 4,1 милиони граѓани или 60,7%.
|