Силвио Берлускони храбро ги именувал новите членови на кабинетот. Одлучил дека прекрасната Мара Карфагна, со надимак Мара Ла Бела, ќе биде новата министерка која ќе се бори за еднаквост помеѓу половите. Овој чин е храбар потег на Берлускони, бидејќи 32 годишната госпоѓица еднаш го потресла бракот на Силвио.
Тој јавно признал дека сонува за брак со Мара, па заради таа непромислена изјава јавно се извинил на жена му, Вероника Ларио.
Госпоѓица Карфагна прв пат се појавила пред премиерот во 1997 година, каде освоила 6то место за избор на мис во Италија. Тоа го искористила во наредните 6 година, па работела како хостеса во неделната телевизиска емисија.
Иако во спомената емисија се појавувала полу гола и има позирано во бројни списанија, Мара има дипломирано на правен факултет.
Мара Ла Бела станала една од четирите министерки на Берлускони во новата влада која бори 22 члена. Таа ќе се бори да има што повеќе жени во политиката во Италија.