Дома Вести Пет дена потрага
|
|
Пет дена потрага |
|
Потрагата по 22-годишниот студент од Битола, Александар Маркоски, кој пред пет дена исчезна во водите на Преспанското Езеро продолжи и денеска. Нуркачка екипа на МВР засилена со експерт за спасување во води од Франција, одново започна да го пребарува дното на езерото кај рибарско село блиску до Отешево. На помош им дојдоа и рибарите од околните села кои сметаат дека подводните струи го имаат однесено телото спрема Сирхан, спротивно на Северецот кој дувал на втори мај спрема Стење. „Според мене може да биде на левата страна, натаму каде што дуваше ветерот. По наше искуство, струењето телото го однело натаму, према Сирхан“, рече Славе Николовски, еден од рибарите. Полицијата на рибарите им дозволи да употребат голема мрежа влак со која се опфаќа езерска површина до 500 метри.
„Малце понатака сакавме со влак да пробаме, тоа е начин на рибарење, влечење, ако е тука мора да излезе“, изјави Изет Селиу, рибар од село Наколец. Повозрасните рибари предупредуваат дека Преспанското Езеро може да биде многу опасно. „Езерото овде кај нас може да биде многу опасно секој ден и во зима и во лето. Секоја година зема по еден живот од човек, а може и повеќе“, вели Љупчо Колунџиевски, рибар од село Перово. Родителите и братот на исчезнатиот Александар пет деноноќија се останати на преспанскиот брег скршени од незивесност, а мајката Елена се уште е со надеж дека можеби не се случило најлошото. Преспанските рибари велат дека тука имало трагедии кога труповите на удавените не биле пронајдени и по неколку години.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 16°C 1013mb |  2 km/h |
| | Skopje: |  | 18°C 1012mb |  8 km/h |
| | Bitola: |  | 16°C 1013mb |  2 km/h |
| | Prilep: |  | 16°C 1013mb |  2 km/h |
| | Stip: |  | 18°C 1012mb |  8 km/h |
| | Gevgelia: |  | 19°C 1014mb |  13 km/h |
|
|