Еlectric Uno е името за новата мото иновација на 18 годишниот канаѓанец Ben Gulak, кој потрошил неколку години во развивање на моторциклот. Моторот всушност има две тркала кои се паралелно едно до друго, и користи жироскопска технологија за да стои исправено. Како што вели тој, моторот се базира на концептот на Segway, само што е многу побрз и подинамичен.
"Моторот е лесен за возење, само што треба малку време да го научите и да стекнете доверба во него" - изјави Ben.
"Еlectric Uno" има електричен погон, а со едно полнење може да се користи 2,5 часа.
Максималната брзина на прототипот е 40км/ч, и лесно може да се зголеми со користење на помоќен агрегат.
Откако го представи новиот мотор, младиот Ben веќе стекна симпатии од медиумите и за неговата иновација дозна цел свет.
Тој сега е во потрага по инвеститори кои ќе го помогнат производството на неговиот мотор.
AP - Toyota said Thursday that its fiscal first-quarter profit plummeted 28 percent, and the automaker stuck to its forecast that full-year profit will...