|
Изборите ја поделија Нова Социјалдемократска партија. Тито Петковски ќе коалицира со СДСМ, министерскиот ешалон формираше фракција. Не сака на 1-ви јуни да настапи со Коалицијата за Европа, туку да настапи самостојно. „Тоа е само една кулминација во којашто ескалираат сите тие концепциски разлики и во таа насока ние го користиме своето статутарно право денеска да прогласиме фракција и да продолжиме со малцинско дејствување во рамките на партијата, согласно Статутот на НСДП“, изјави Лазар Еленовски, НСДП.
Фракционерите не знаат зошто за неколку мандати се продава партијата, кога НДСД била доволно силна да оди сама на парламентарните избори. „Мислам дека е бегање од стравот, авансирање во неодговорност и да се затскрие неодговорноста во некаков заеднички збир“, изјави Веле Митановски, НСДП. Иван Анастасовски ги соопшти причините зошто вчера Централниот одбор на НДСД решил да се приклучи кон европската коалиција. „Кој блок подлежи и така и се разговараше на принципите. Република Македонија веднаш во НАТО и Република Македонија, добивање оваа година датум за отпочнување на преговори со ЕУ“, изјави Иван Анастасовски, Фракционерското крило вели дека има поддршка од голем дел од членството и го повика да гласа по сопствено убедување. Дали тоа значи премолчена поддршка на ВМРО ДПМНЕ, Еленовски остави на времето. И додека Новите Социјалдемократи ги бранеа своите ставови „за“ и „против“, Коалицијата за Европа зад затворени врати ги договори носителите на листи. Четворица фронтмени од СДСМ, по еден од ЛДП и НСДП. Во единицата Радмила Шеќеринска, втората изборна единица ќе ја предводи Јован Манасиевски, во тројката прв на листа е Тито Петковски, во четвртата адут е Зоран Заев, во петката Јани Макрадули и во шестата изборна единица Игор Ивановски.
|