Познатата поп пејачка Шер откри дека на времето имала неколку месечна врска со сега познатиот холивудски актер Том Круз.На шоуто на Опра Винфри, ветеранот на поп музиката изјавила дека била луда по него.
Двојката се запознала на една од хуманитарните акции на Белата куќа, непосредно по филмот на Круз „Risky Business“, кој стана вистински хит. Познатиот актер тогаш имал само 23-години, а Шер 39-години.
„Можеше да биде голема романса, бидејќи бев луда по него. Беше многу срамежлив. Велеше дека во училиште се чувствувал како тиквар и никој не го дружел... Бевме на вечера во еден њујоршки ресторан и келнерката која не служеше учела во неговото училиште. Ми рече дека на времето воопшто не му зборувала, а кога станал познат го добил целото нејзино внимание“, изјавила 61-годишната Шер.
Аферата, завршила кога ѕвездата на „Top Gun“ ја запознал Мими Роџерс, со која се ожени во 1987 година.Шоуто премиерно ќе се емитува идниот месец.