Топлина: Предизвикува ширење на крвните садови, со што се зголемува дотокот на крвта во периферните жили. Тоа предизвикува општи симптоми, како што се замор, општа слабост и нагли промени на крвниот притисок.
Ветер:Без сомнение, ветерот е главна причина за метеоропатијата. Манифестациите се разликуваат зависно од типот на ветерот: југот (топлиот ветер од Африка) предизвикува немир, срцебиење, несоница, анксиозни состојби, главоболка и може да ги зголеми срцевите тегоби. Трамонтаната (силен, сув ветер од нордиските краишта) може да биде причина за напади на астма, слаба циркулација и несоница. И на крајот, фенот (силен и влажен ветер) може да биде причина за низок крвен притисок, слаба циркулација, раздразливост, мачнина и вртоглавица. Овие симптоми се јавуваат дури 24 часа пред неговото доаѓање. Бура:Пред бурата доаѓа до пораст на атмосферскиот притисок, а тоа, пак, предизвикува зголемување на електромагнетизмот во воздухот. Тоа негативно се одразува врз организмот и предизвикува немир, несоница, главоболка. Но додека врне дожд, немирот исчезнува и се враќа смиреноста. Влага:Во комбинација со топлината, го спречува нормалното лачење на потта. Така, телесната температура може да се зголеми до граничното ниво и може да дојде до отежнато дишење, општа слабост, па дури и до топлотен удар. Студ:Пред се дејствува на периферната циркулација, го намалува дотокот на крвта во капиларите на рацете и нозете. Станува збор за нормална реакција на организмот, кој се брани од студот ограничувајќи го губењето на топлината. Тоа може да предизвика болки во зглобовите и отежнато движење на рацете и нозете.
|