|
Американецот Хенк Милер најверојатно им реши голем проблем на родителите ширум светот. Тој изумил детски чевли што го следат растежот на стапалата. Користејќи релативно евтина технологија, тој конструирал чевли што со едноставно притискање на копче можат да се развлечат за три броја. Тестирањата во лабораторија покажаа дека чевлите се доволно цврсти и не можат случајно да „пораснат“.
Најдоброто во оваа приказна е што цената нема да им биде поголема од 100 долари, малку повеќе од цената по која во Америка се продаваат и обичните детски чевли. Според пресметките на стручњаците, овој изум на родителите ширум светот би можел да им заштеди пари за околу девет милијарди чифта чевли годишно, а овој факт најмногу го загрижува токму пронаоѓачот. „Се најдов на удар на најголемите американски производители на чевли. Секако дека не им се допадна што се покажа оти чевлите се добри и што сега родителите многу поретко ќе влегуваат во нивните продавници. Сепак се надевам дека нема да оди подалеку од вербални напади“, вели Милер. Чевлите почнаа да се продаваат и во Велика Британија, а лекарите ги препорачуваат и на децата кои имаат различни стапала, што е чест случај, бидејќи сега можат да носат два различни броја, без да купуваат два чифта чевли.
|