|
Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за три денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, цената на МБ-96 од 70,00 ден/лит се зголемува на 73,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР -95 од 67,00 ден/лит се зголемува на 70,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР-98 од 68,00 ден/лит се зголемува на 71,00 ден/лит.
Новата цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) ќе изнесува 67,00 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство 56,00 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 56,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-2 од 27,551 ден/кг се зголемува на 28,709. Најновото поскапување на цената на нафтените деривати се образложува за поскапувањето на просечната цена на суровата нафта на светските берзи од над 8% за последните две недели.
|