|
Италија треба да се подели |
|
Сопругата на италијанскиот премиер, Силвио Берлускони, се придружила на се посилните повици за поделба на Италија. Вероника Ларио, која инаку ретко дава политички изјави, иако е сопственик на влијателниот весник Ил Фоглио.
Шансите Италија да се подели доста се зголемиле во последните недели, откако сеционистичката партија Северна лига, оствари успех на општите избори. Нејзиниот темпераментен лидер Умберто Носи повеќе пати се закани дека ќе “се фати оружје“ против корумпираните политичари во Рим, кои богатството остварено на север од земајата го слеваат на сиромашниот југ. Премиерот Берлускони, кому ќе му биде тешко да одржи мнозинство во парламентот без поддршка на северната лига, веројатно ќе го постави Боси за министер во својата Влада.
|