Сликарот Ендру Николс ја нацрта најмалата Мона Лиза, која според својата големина е помала од четвртина од обична поштенска марка. Таа е насликана на хартија со 11мм висина и 7мм ширина. Со оваа големина, Малата Монализа е во рекорден размер од 70:1 со оригиналната Леонардова верзија.
При своето цртање, сликарот се служел со стручен материјал за самата слика, со лупа и четка со ознаки за големина “0000“ составена од само неколку влакна со која ја нанесувал акрилната боја. “Сликам мали слики со куќи за кукли веќе пет години и можам да нацртам една таква за само еден час. Но, цртањето на деталите на Мона Лиза беше неверојатно тешко и сакав да излезе беспрекорно. Не верувам дека може сликата да се направи во помала димензија без да се отстранат некои од деталите“ – изјави Николс.
Предходниот ваков рекорд беше нацртан на 9х13мм хартија од авторот Ивес Џерард од Луксембург. Интересен е фактот дека Ендру Николс никогаш ја нема видено сликата на Мона Лиза во живо. Негова цел е да го посети Париз (каде што се наоѓа сликата) и да ги убеди луѓето од музејот да го закачат неговото ремек дело веднаш до неа со цел посетителите да можат да направат разлика во големините на двете слики.