Наместо кон средината на мај, како што првично беше најавено, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ на вечна љубов ќе се заколнат на големиот христијански празник Видовден. Подготовките за спектакуларната венчавка, втора по ред за контроверзната турбофолкерка, која многумина однапред ја прогласија за еден од најголемите настани сезонава, забрзано се приведуваат кон крајот.
Како што пишуваат српските медиуми, идните младенци решиле да го поместат датумот на венчавката од две причини: да се одбегне присуството на многубројните камери и фоторепортери, но и поради тоа што Душко до крајот на мај нема да ја заврши фудбалската сезона во Германија. Местото на коешто ќе се случи церемонијата се уште се држи во тајност, но наскоро се очекува обелоденување и на таа информација.
|