Бизнисмените бараат Грција да запре со трговските блокади за Македонија. Стопанската Комора се надева дека бариерите од грчка страна се неразумни испади на неодговорни поединци и институции и дека зад нив не стои грчката Влада. Во писмото до Унијата на грчките трговски и индустриски комори, Азески апелира до неговиот колега Касиматис, да се заложи да се елиминираат бариерите што ја кочат економската соработка. Се бара итна средба меѓу двете страни.
„Пред се трпат поединци кои се на директен удар со такви појави, а второ се создава една клима на недоверба и неизвесност, што можат да влијаат на пренасочување на текови на стоки“, изјави Љубица Нури, Стопанска Комора на Македонија.
Меѓу проблемите на кои се жалат бизнисмените се и нередовното работење на солунското пристаниште. Освен забраната за прелети на МАТ, Грција го запре и увозот на македонското јагне.
Властите во Скопје, денеска, најавија дека ќе ги алармираат сите меѓународни институции и побараа јужниот сосед да не ја меша економијата со политиката.
AFP - Dozens of people were injured in an explosion late Thursday at a gala concert in Minsk attended by Belarussian President Alexander Lukashenko,...