|
Кејти Холмс сака развод?! |
|
На Кејти Холмс и Том Круз во последно време не им цветаат рози во бракот. Се почести се информациите дека двојката не се сложува и дека Том ја гуши слободата на Кејти и таа веќе не може да ги поднесе неговите притисоци. Најновата информација во "Старс" открива чекор понатаму - наводно Кејти сакала пробна сепарација.
Преговорите со Бродвеј за улогата во претставата "Сите мои синови" се пред крај и Кејти сакала да се пресели на Менхетен и да се обиде да живее одвоено од посесивниот сопруг. Но проблем излегол поради тоа што "контрол фрикот" сакал ако се пресели таа да и се придружи. "Таа очајнички посакува самотија, меѓутоа нема шанси Том да и дозволи да ја одведе Сури. Тој не сака ниту една од нив да биде надвор од неговиот видокруг. И рекол дека се сложува со Сури да отиде во Њујорк, но само и ако тој оди со нив", рекол извор за магазинот "Стар". "Дејли њус", пак, тврди дека двојката веќе живее одвоено, а како причина за тоа го наведуваат преуредувањето на домот во Лос Анџелес.
|