Кајли Миног следниот месец ќе наполни 40 години. Иако многумина се прашуваат кога ќе заплови во брачните води, таа нема такви планови. Тврди дека, веројатно, никогаш нема да се омажи и да има деца. "Никогаш не сум сонувала гламурозна венчавка и прекрасна куќа во предградието со градина", рекла Кајли.
Во едно интервју за "Вог" изјавила дека славните личности можат да им го уништат животот на своите деца. "Се обидуваат да градат кариера и успешно да ги одгледуваат децата. Тие две работи не одат заедно", рекла, додавајќи дека се надева на кариера до 60. година. Но тогаш рекла дека нема да носи "жешки панталончиња" на сцената.
|