Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Slikicki
Moto Struga
Igri

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304
Doktor Host
Дома arrow Вести arrow Караманлис не го прими Нимиц
Караманлис не го прими Нимиц Print
Image Иако првично беше најавено дека Нимиц ќе се сретне и со грчкиот премиер Костас Караманлис - средба немаше. Караманлис не сакал да се меша во преговарачкиот процес. Наводно, грчкиот премиер смета дека предвремените избори во Македонија кои ќе се одржат на 1 јуни, "ги прават невозможни измените на Уставот, кои се потребни за гарантирање на можен компромис меѓу Атина и Скопје за името". Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите со Грција за името, но не и Грција. Грчкиот премиер Костас Караманлис вчера не го прими посредникот во спорот, Метју Нимиц. Грчките медиуми вчера објавија дека средба нема бидејќи Караманлис не сака да се меша во преговарачкиот процес. Наводно, грчкиот премиер смета дека предвремените избори во Македонија кои ќе се одржат на 1 јуни, "ги прават невозможни измените на Уставот, кои се потребни за гарантирање на можен компромис меѓу Атина и Скопје за името". Во Кабинетот на премиерот Никола Груевски вчера не сакаа да го коментираат ставот на Караманлис во однос на спорот со името. Велат, Самитот на НАТО во Букурешт беше доволен доказ за односот на грчката страна.

Нимиц во четвртокот во Скопје пред заминувањето за Атина, посочи дека е посебно задоволен што и во време на избори, Владата била спремна преговорите да продолжат. Медијаторот смета дека е можно до први јули да се изнајде решение.

"Не дојдов со нов предлог, но разговаравме за сите варијанти на името, вклучувајќи го и прашањето за зачувувањето на идентитетот. Нема сега да им предложам нешто на страните, одвреме-навреме предлагам нешто, а потоа едната страна кажува позитивен одговор, другата вообичаено не, но ќе дадам предлог кога ќе мислам дека ќе биде вистинско време за тоа, сега немам предлог " - рече Нимиц.
Тој изјави дека не смета дека е ставен во прашање идентитетот на луѓето од Македонија.

"Доаѓам тука уште од 1994 година и оваа земја е со посебен идентитет и прекрасни луѓе. Не сметам дека прашањето на идентитетот е поврзано со прашањето на името на државата", додаде Нимиц.
За првпат државниот врв имаше одделни средби со Нимиц. Тој прво имаше средба со премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Потоа медијаторот се сретна со претседателот Бранко Црвенковски и со преговарачот Никола Димитров.

Во Атина, Нимиц вчера побара објаснување од преговарачот Василакис и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани за причините за одбивањето на неговиот последен предлог. Пред заминувањето за Грција, Нимиц посочи дека вистинското прашање е "како можеме да зборуваме со обете страни и да најдеме заедничка основа за решение?". Според него позициите се добро познати, се бара формулација која ќе функционира за Македонија.

"Се работи за вашето име и морате да бидете задоволни со него, а и другите треба да го прифатат бидејќи тие се во соседството и ако не го прифатат, тоа нема да функционира. Тоа го знаеме од неодамнешното искуство", додаде Нимиц.

За време посетата на Нимиц на Скопје, пак, Министерството за надворешни работи до грчкото конзуларно претставништво испрати протесна нота поради грчкото вето за прием на Македонија во НАТО.
Грчките медиуми вчера шпекулираа за можен компромис за името. Според "Та неа" ако добие голема поддршка на изборите и формира Влада, Никола Груевски може да направи компромис за спорот со името.

Руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, пак, објави дека целта на новата посета на Нимиц е да го сондира мислењето на двете страни, за да им предложи на следната средба во Њујорк на преговарачите на Македонија и Грција нов предлог за името.

"Нафтемеборики" објавува текст под наслов "До правичен компромис по изборите". "Апогевматини" посочува дека македонскиот претседател Бранко Црвенковски одговора на предлогот за компромис. За "Етнос" во Скопје има различни позиции за проблемот, односно несогласувања меѓу Црвенковски и Груевски.

Неофицијално, Владата во Атина веднаш по самитот на НАТО, усвоила стратегија според која Македонија во следните неколку месеци ќе се соочи со сериозни притисоци од страна на Грција. Така за Македонија има заострена царинска, полициска и санитарна контрола, построги процедури при издавање на грчки визи, како и блокада на евентуалниот договор на Македонија со ЕУ за либерализација на визниот режим.

Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Пожарите се уште активниПожарите се уште активни
Пожарот кај местото Коџа Чаир на планината Беласица се уште е активен и е проширен заради си...
Повеќе ...
Бесплатно оплодувањеБесплатно оплодување
Итересот за вештачко оплодување во земјава расте, откако Мала Богородица-Систина и Ре-Медик...
Повеќе ...
Поштенска блокадаПоштенска блокада
Грчките граѓани се оневозможени да испратат поштенска пратка во Македонија. Ако сакаат нивн...
Повеќе ...
Бранко призна...Бранко призна...
Претседателот Бранко Црвенковски, призна дека направил упад во работата на третата власт во...
Повеќе ...

Свет

Грчкиот туризам ослабнатГрчкиот туризам ослабнат
Нацистичката негаторска политика на Грците им се удира од глава. Туризмот, нивниот втор најг...
Повеќе ...
Заслепувачки ласерЗаслепувачки ласер
Последиците од тешките изгореници на ретината почнале да ги чувствуваат следниот ден, а по и...
Повеќе ...
Уапсена затоа што игралаУапсена затоа што играла
Стриптизета која танцувала на шипки во возовите во метрото во Сантјаго за да го испровоцира ...
Повеќе ...
Пробни ракети во ИранПробни ракети во Иран
Иранските вооружени сили денеска извршија нова серија проби со различни типови ракети, сооп...
Повеќе ...
Forum

Живот - Здравје

Срцев удар со RedBullСрцев удар со RedBull
Red Bull e напитокот кој има зголемено количество на кофеин и е популарен кај студентите и приврз...
Повеќе ...
Обрежување-Да или Не?!Обрежување-Да или Не?!
Роберт Бејли од Универзитетот во Илиноис, направи едно испитување врз 2784 необрежани и здрав...
Повеќе ...
Отпорност на ХИВ вирусотОтпорност на ХИВ вирусот
Кај одредени луѓе постојат мутација на гените која ги прави отпорни на ХИВ-вирусот. Научници...
Повеќе ...
Воздух во желудникотВоздух во желудникот
Немој да бидте нервозни. Таквите луѓе, несвесно, постојано или повремено заедно со плунката ...
Повеќе ...

Временска прогноза

Ohrid:
19°C
1016mb

5 km/h
Skopje:
23°C
1013mb

5 km/h
Bitola:
19°C
1016mb

5 km/h
Prilep:
19°C
1016mb

5 km/h
Stip:
23°C
1013mb

5 km/h
Gevgelia:
26°C
1012mb

8 km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2008 Najdi Vreme