Манекенката Сара Леши на 10 мај ќе ја преставува Македонија на на 25 по ред интернационален избор за убавина мис Хаваи тропик кој годинава ќе се одржи во Лас Вегас. Сара со уште 100 девојки од целиот свет ќе престојува во луксузниот хотел "Голден нагет" во Лас Вегас.
Убавиците ќе го посетат и Њујорк и Лос Анџелес. На изборот Сара Леши ќе носи креација на Билјана Каран.
" Ова ќе биде мое прво патување во Америка. Едвај чекам да заминам. Напорно вежбам во ТЦ. "Плаза" и се разубавувам во салонот "Мај сенс" на Андријана Будимир. Ќе дадам се од себе да оставам голем впечаток на овој избор" , вели Сара. Сар иако најавуваше специјална фотосесија за српскиот и хрватскиот "Плејбој" досега не се сликаше за магазините. Таа вината ја гледа во организаторите кои и ветуваа дека токму таа ќе биде првата Македонка која ќе се слика за "Плејбој".
- Не сум јас виновна што сите менаџери ветуваат чуда, а потоа нигде ги нема. Не ми е криво што не се сликав, ќе дојде и тоа , само треба време", ни рече Сара.
Леши е апсолвент на Штуловиот универзитет, отсек француски јазик. Во јуни планира да дипломира. Иако досега ја врзуваа со повеќе јавни фаци, Сара моменто како што ни рече е во неколку месечна врска со наш фудбалер кој не сака да го открие.
|