|
И се допаѓа принцот Чарлс! |
|
Мараја Кери ги обожава Британците. И тоа не како нација, туку буквално Британците или подобро речено британските мажи. Разведената пејачка ја сакала префинетоста која ја поседуваат Британците.
"Ги обожавам Британците. Склона сум на принцот Чарлс. Тој е префинет, образован и примерен", рекла пејачката за магазинот "New", додавајќи дека била импресионирана од поранешниот колега Дариус Данес кој пеел во лондонскиот мјузикл "Однесено со виорот". Мараја досега ја поврзуваа со латино-пејачот Луис Мигуел, како и бејзбол играчот Дерек Џетер, а таа неодамна изјави дека не им верува на мажите затоа што и е тешко да заклучи чии емоции се искрени.
|