|
И Путин по стапките на Саркози |
|
|
Интересен трач се врти низ Москва. Владимир Путин се развел од сопругата Људмила и е во врска со гимнастичарката Алина Кабаева, со која наскоро ќе се венча. Путин наводно тајно се развел во февруари, а новото венчавање би требало да се одржи во Санкт Петербург на 15 јуни во палатата Константиново. Алина Кабаева е 25-годишна гимнастичарка, која ја претставува Русија на бројни спортски натпревари. На олимписките игри во 2000 година во Атина освои злато.
Ја сметаат за една од најубавите Русинки, а во 2007 година влезе во рускиот парламент како претставничка на партијата Обединета Русија. Според озборувањата, Путин и Кабаева се „повеќе од пријатели“ уште од 2000 година. Путин (56) има две ќерки од бракот со Људмила, 23-годишната Марја и 21-годишната Катерина. Трач или не, ќе се дознае наскоро, но се чини дека и Путин го следи францускиот колега Саркози.
|