Цената на суровата нафта денеска повторно порасна и достигна нов рекорд од 112,48 долари по најавите дека американскиот долар ќе продолжи да ја губи својата вредност и дека Кина во првиот квартал би можела да забележи стопански раст поголем од 10%.
Цената на американската лесна нафта за испорака во мај се зголеми за 72 центи или 0,6% и се продаваше за 112,48 долари за барел. Европската „бренд“ нафта порасна за 61 цент или 0,6%, односно 110,45 долари за барел. „Кога доларот бележи пад во однос на еврото, нафтата станува поевтина во однос на еврото, а тоа го поттикнува купувањето, бидејќи инвеститорите ја гледаат нафтата како заштита од опаѓањето на вредноста на доларот“, истакнува аналитичарот на „Комонвелт“ банката од Сиднеј, Дејвид Мур.
|