Фотографијата на голата Карла Бруни - Саркози, поранешна манекенка и сопруга на францускиот претседател Николас Саркози, е продадена на аукција во Кристи’с во Њујорк, на кинески колекционер, за 91.000 долара. Црно-белата фотографија на Мајкл Комт, снимена пред 15 години прикажува млада жена во поза што потсетува на лик од сликата „Модели“ на Џорџ Сеурат.
Фотографијата на Карла Бруни, Кристи’с ја процени на околу 4.000 долара, но водителот на аукцијата веднаш одлучил почетната цена да ја зголеми на 10.000 долара, поради големиот број на учесници во аукцијата.