„Телеком“ бара околу 500 вработени доброволно да ја напуштат компанијата. А1 дознава, бордот на директори треба да ја усвои програмата за намалување на бројот на вработени договорена со синдикатот.
Според информациите, критериумите веќе се утврдени, но за да се официјализира, новата стратегија за кратење работни места треба да ја одобри базата на „Маѓар телеком“ во Будимпешта.
Се предвидува, секој вработен што ќе се пријави да замине од „Мактел“, за една година работен стаж компанијата да му исплати отпремнина од по 900 евра, без разлика на која позиција работел.
Максимумот што ќе го добијат вработените е 22.500 евра, но само ако се со стаж од 25 години. Истата сума им следува и на вработените со поголем работен стаж.
Не се открива што ќе се случи ако по усвојувањето на стратегијата не се исполни бараната квота. Ќе следат ли отпуштања?
Според информациите на А1, менаџерите на „Мактел“ треба да го потпишат и колективниот договор со синдикатот во компанијата.
Во „Телеком“ денес работат околу 1.700 вработени. Пред приватизацијата во 2000-та компанијата имаше 2.000 вработени повеќе.
AP - Toyota said Thursday that its fiscal first-quarter profit plummeted 28 percent, and the automaker stuck to its forecast that full-year profit will...