Популарната R&B пејачка Toni Braxton во понеделникот навечер е итно хоспитализирана во Лас Вегас. Низ медиумите се шпекулира дека таа преживеала срчев удар. После нејзиниот настап во "Flamingo Hotel and Casino" во ЛА, колабирала по што било итно пренесена до најблиската болница.
Според некои медиуми таа е во добра состојба, додека официјалните служби на болницата не даваат никакви детали за нејзиното здравје.
Познато е дека по раѓањето на нејзиниот втор син во '93, таа имала проблеми со срцето (pericarditis).
Иронично е што Toni Braxton токму со "Un-Break My Heart" доби признание за "Number 2 singl" на сите времиња изведен од женска пеачка.