Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Igri
Slikicki
Moto Struga

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304

Да се преброиме

Нема активни членови
Гости: 1
Doktor Host
Дома arrow Вести arrow Грција сака да не постоиме
Грција сака да не постоиме Print
ImageИзјавата на заменик-државниот секретар Даниел Фрид дека постои македонски јазик и дека Македонците се реалност предизвика остра реакција на грчката држава, со која таа покажа дека суштината на минатонеделното вето за членството на Република Македонија во НАТО е да го нема македонскиот народ и идентитет.

Официјална Атина вчера на двапати реагираше поради овие изјави - еднаш со протестна нота, која амбасадорот Александрос Маљас ја пренел во Вашингтон, и еднаш преку министерката за надворешни работи Дора Бакојани, која изрази големо незадоволство по изјавата на Фрид.
"Такви изјави не помагаат за решавање на спорните проблеми меѓу Атина и Скопје. Атина нема да биде вовлечена во таков вид дискусии", изјави Бакојани.
Заменик-државниот секретар Фрид е веќе некое време вклучен во прашањето за името и беше иницијатор на средбата помеѓу Бакојани и Милошоски во Брисел на 21 март.
Завчера на брифинг во Вашингтон, на прашањето на грчки новинар зошто за првпат го користи терминот "етнички Македонци" и дали тоа значи дека американската Влада ги признава "таканаречените македонски етнос и јазик", Фрид изјави:
"Не мислам дека македонскиот јазик е 'таканаречен'. Македонскиот јазик постои. Постојат Македонци. Како што знаете, во Форин сервис институт (дипломатска школа на Стејт департментот) предаваме на македонски, како што предаваме на српски, на хрватски, босански јазик. Сите јазици - и тоа го кажувам не како бирократ туку како поранешен историчар - се творештво на човекот, се развиваат со текот на времето и се кодифицираат. Македонскиот јазик постои.
Исто така, постои и историска македонска провинција, која е различно нешто од државата. И тоа е важно. Јасно е дека Владата во Скопје или, како што ние Американците ја викаме - Владата на Македонија, нема претензии. Ние ја признаваме разликата меѓу историската територија на Македонија која е, секако, поголема отколку сегашната држава. И ние сме вклучени и го поддржуваме процесот за изнаоѓање решение за името кој го води медијаторот Метју Нимиц", рече Фрид и додаде: "Етничката припадност е нешто што им се остава на луѓето самите да си го дефинираат. Етничката припадност е факт, колку што јас знам. На маса е прашањето за името. За него се разговара".
Заменик-државниот секретар на САД рече дека САД и понатаму го поддржуваат процесот на преговори за изнаоѓање решение за името и упати пофални зборови за конструктивната улога на македонската Влада.
Официјална Атина остро реагираше на изјавите на Фрид, и со тоа станува јасно зошто Грција не го прифати последниот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц, а кој македонската Влада го смета за конечен. Во содржината на тој предлог, кој за основа го имаше меѓународното име за земјава - Република Македонија (Скопје), пишуваше дека во личната карта на државата би требало да стојат македонски јазик и македонски народ. Со тоа се зачувува македонскиот идентитет, точка која, според последните реакции, воопшто не им се допаѓа на Грците.
Пред овој брифинг, според грчките медиуми, Фрид се слушнал со Бакојани за да опипа дали Грција сака да остане во преговорите. Наводно, пишува грчки "Катимерини", Фрид разговарал и со македонските власти за тоа дали остануваат во преговорите. Грција завчера јасно кажа дека, и покрај ветото, сака да продолжат преговорите за името. Македонските власти вчера не сакаа да потврдат дали имале контакт со Фрид.

 

Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Се укинува хранаринатаСе укинува хранарината
Од наредната година работниците ќе добиваат бруто-плата. Хранарината и превозот ќе се укина...
Повеќе ...
Свислион го добива АгроплодСвислион го добива Агроплод
Српскиот бизнисмен Родољуб Драшковиќ може да ја изгуби ресенската фабрика Агроплод ако на с...
Повеќе ...
Убиство во КумановоУбиство во Куманово
Поради нерасчистени сметки, вчера попладне пред ресторанот „Милано“ во Куманово е уби...
Повеќе ...
Најголемо единствоНајголемо единство
ДУИ ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ од албанскиот политички блок во новата коалициона Влада....
Повеќе ...

Свет

Во Будва фатена ајкулаВо Будва фатена ајкула
Фатена ајкула во водите на Јадранското Море. Минатиот петок еден црногорски рибар фатил ајк...
Повеќе ...
Њукасл во рацете на Бин ЛаденЊукасл во рацете на Бин Ладен
Успешната градежна компанија на семејството на најбараниот терорист во светот, Осама бин Ла...
Повеќе ...
Мајка на 70 години во ИндијаМајка на 70 години во Индија
Храбрата Индијка, 70-годишната Омкари Панвар, роди близнаци - син и ќерка, и така стана најстар...
Повеќе ...
Брана одзеде 13 веслачиБрана одзеде 13 веслачи
Во страотната трагедија што завчера попладне се случи на реката Сава кај ХЕЦ Бланца близу Кр...
Повеќе ...
Forum

Рандом слика

loader_mini

Живот - Здравје

Лубеници и дињиЛубеници и дињи
Лубениците и дињите повеќето од нас ги сметаат за вкусно овошје, но притоа грешиме - лубеници...
Повеќе ...
Пена за поправка на забиПена за поправка на заби
Сега можете да го игнорирате фактот дека благите и чоколадото предизвикуваат кариес, затоа ...
Повеќе ...
Граница и за здравата хранаГраница и за здравата храна
Дали јадете доволно здрава храна, или претерувате со "здравиот" избор? Одредете ги норм...
Повеќе ...
Сладолед за добро здравјеСладолед за добро здравје
Се чини дека веќе одамна зачекоривме во летото, иако пред официјалниот старт на најтоплата с...
Повеќе ...

Временска прогноза

Ohrid:
13°C
1014mb

10 km/h
Skopje:
21°C
1013mb

19 km/h
Bitola:
13°C
1014mb

10 km/h
Prilep:
13°C
1014mb

10 km/h
Stip:
21°C
1013mb

19 km/h
Gevgelia:
24°C
1008mb

11 km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2008 Najdi Vreme