Иако Џенифер Лопез и Марк Антони се католици, пејачката наводно го замолила Том Круз да им биде кум на нивните близнаци Ем и Макс. "Том е одушевен од идејата, но не и Марк. Го загрижува тоа што скиентолог ќе им биде кум на неговите деца, кои ќе бидат одгледувани во католички дух.
Тој се противел на идејата на Џенифер, но таа на крајот сепак успеала да го наговори", открил извор близок до двојката. Наводно, пресудно било тоа што Џенифер му објаснила на сопругот дека Том ги обожава децата и подарувањето.
|