Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Igri
Slikicki
Moto Struga

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304

Да се преброиме

Нема активни членови
Гости: 1
Doktor Host
Дома arrow Вести arrow Страв од избори
Страв од избори Print
Image Уште еден апсурд: СДСМ е единствена опозициска партија во Европа, која рекла дека е против предвремени избори. По нивната логика, Владата на Груевски е совршена и за се што кажале против неа, ни самите не верувале. Ако пак СДСМ верува во тоа што го зборува, нека излезат на избори и нека го проверат. ДУИ вчера поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и одржување предвремени парламентарни избори. Тие сметаат дека актуелната влада нема капацитет, ниту пак мандат да ја извлече Македонија од кризата, по грчкото вето за влез на земјава во НАТО.
- Сите процеси како решавањето на несогласувањата со Грција, исполнувањето на политичките критериуми и европската агенда бараат ангажирање и функционирање на институциите со полн капацитет. Бидејќи овие работи во Македонија недостасуваат и земајќи ја предвид општата политичка состојба во земјата, ДУИ се залага за распуштање на Собранието и за предвремени избори, стои во образложението.

Кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ постои расположение за предвремени избори, иако конечната одлуката вчеравечер требаше да ја донесе претседателството на партијата. Во најголемата владејачка партија сметаат дека за носење нови одлуки, по Букурешт е потребно ново, стабилно мнозинство во парламентот, кое ќе има мандат за носење нови одлуки.

Со тоа, Македонија за прв пат ќе го искористи демократскиот принцип за вонредни избори кога власта по своја волја сака да се провери кај народот. Државата ја чекаат тешки предизвици: преговори со Грција и НАТО, преговори за ЕУ, одлуки по независноста на Косово... За ова мора да се има стабилно мнозинство во Парламентот за да се знае кој ги носел одлуките и чија е заслугата или одговорноста за нив. Во моментов кај владините коалиционери постојат суштински разлики. Од една страна, се наоѓаат Лидерот на НСДП Тито Петковски и либералот Стојан Андов, кои бараат промена на името на државата без претходно да знаат кое е тоа име. Од друга страна се ВМРО-ДПМНЕ и останатите партнери во власта, кои се против тоа. На тој начин ВМРО-ДПМНЕ е уценета, што не е добра позиција за преговори околу името.
И во ДПА вчера требаше да заседава претседателството на партијата, иако и тие претходно најавија дека начелно немаат ништо против вонредни избори.

За разлика од власта, најголемата опозициска партија остро се спротивстави на иницијативата на ДУИ за распуштање на парламентот. Според нив, ако сега има избори, Македонија ќе ја загуби поддршката од САД во продолжување на преговорите со Грција, со што ќе ја испушти шансата не само за покана од НАТО, туку и за добивање датум за преговори со ЕУ на есен.

- Изборите во овој момент се бегање од одговорност за да можат политичарите да тактизираат, а Македонија да тоне во неизвесност. Во следните 6-8 месеци, Македонија не смее да губи време, а потоа предвремените избори се неопходност, вели Радмила Шекеринска, лидер на СДСМ. Најголемата опозициска партија бара итна собраниска седница на која Владата ќе треба да каже што по поразот во Букурешт, дали и како планира да ги продолжи преговорите со Грција или ќе се прости од европските и евроатланските интеграции. Ако Владата нема европски план за Македонија, СДСМ ќе бара формирање техничка или експертска влада, или пак широка коалиција.

Шекеринска, сепак, не кажа како Македонија да ги продолжи разговорите со Грција, која е црвената линија за евентуален компромис, односно кое име би било прифатливо за нив.
- Ќе биде погубно доколку почнеме да лицитираме со имиња. Треба да изградиме заеднички став за кои точки можеме да постигнеме договор со Грција, вели Шекеринска.

Помалите опозициски партии го поддржуваат ставот на СДСМ дека во моментив не треба да има вонредни избори.

Или предвремени избори или преговори за актуелните прашања од кои зависи влезот во НАТО алијансата и Европската Унија. Ова е неофицијално ставот на Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Оттаму, најверојатно ќе се залагаат претседателските, локалните и парламентарните избори да се одржат на исти датум. Неофицијално, така ќе се намалел трошокот на избори, ќе се влијае на процентот на излезеност на гласање бидејќи со години тој стагнирал.

Се бара решение за употреба на албанскиот јазик
Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА вчера разговараа за прашањето за употреба на јазиците на припадниците на заедниците, поточно албанскиот. Од двете партии укажуваат дека постојат разлики за тоа како да се регулира ова прашање, но додаваат постои отворена дискусија што води кон договор. Од двете партии потенцираат дека решението ќе се бара во рамките на постојниот текст на Уставот.
-Разлики постојат околу ова прашање, меѓутоа решението ќе се бара во рамките на Уставот и Рамковниот договор, ако воопшто постои, изјави Коце Трајановски, член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали има рок до кога треба да се изнајде решение за употребата на јазиците, претставниците на двете партии велат дека не треба да се избрзува со решенија.

Според Бесим Догани од ДПА станува збор за проблем што постои одамна. Но тоа не е ниту вина на ДПА, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Догани кој додаде дека решението се бара во рамките на уставот според кој албанскиот е официјален јазик.
Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Се укинува хранаринатаСе укинува хранарината
Од наредната година работниците ќе добиваат бруто-плата. Хранарината и превозот ќе се укина...
Повеќе ...
Свислион го добива АгроплодСвислион го добива Агроплод
Српскиот бизнисмен Родољуб Драшковиќ може да ја изгуби ресенската фабрика Агроплод ако на с...
Повеќе ...
Убиство во КумановоУбиство во Куманово
Поради нерасчистени сметки, вчера попладне пред ресторанот „Милано“ во Куманово е уби...
Повеќе ...
Најголемо единствоНајголемо единство
ДУИ ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ од албанскиот политички блок во новата коалициона Влада....
Повеќе ...

Свет

Во Будва фатена ајкулаВо Будва фатена ајкула
Фатена ајкула во водите на Јадранското Море. Минатиот петок еден црногорски рибар фатил ајк...
Повеќе ...
Њукасл во рацете на Бин ЛаденЊукасл во рацете на Бин Ладен
Успешната градежна компанија на семејството на најбараниот терорист во светот, Осама бин Ла...
Повеќе ...
Мајка на 70 години во ИндијаМајка на 70 години во Индија
Храбрата Индијка, 70-годишната Омкари Панвар, роди близнаци - син и ќерка, и така стана најстар...
Повеќе ...
Брана одзеде 13 веслачиБрана одзеде 13 веслачи
Во страотната трагедија што завчера попладне се случи на реката Сава кај ХЕЦ Бланца близу Кр...
Повеќе ...
Forum

Рандом слика

loader_mini

Живот - Здравје

Лубеници и дињиЛубеници и дињи
Лубениците и дињите повеќето од нас ги сметаат за вкусно овошје, но притоа грешиме - лубеници...
Повеќе ...
Пена за поправка на забиПена за поправка на заби
Сега можете да го игнорирате фактот дека благите и чоколадото предизвикуваат кариес, затоа ...
Повеќе ...
Граница и за здравата хранаГраница и за здравата храна
Дали јадете доволно здрава храна, или претерувате со "здравиот" избор? Одредете ги норм...
Повеќе ...
Сладолед за добро здравјеСладолед за добро здравје
Се чини дека веќе одамна зачекоривме во летото, иако пред официјалниот старт на најтоплата с...
Повеќе ...

Временска прогноза

Ohrid:
14°C
1014mb

8 km/h
Skopje:
21°C
1013mb

19 km/h
Bitola:
14°C
1014mb

8 km/h
Prilep:
14°C
1014mb

8 km/h
Stip:
21°C
1013mb

19 km/h
Gevgelia:
24°C
1008mb

11 km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2008 Najdi Vreme