Колку коцки шеќер ставате во кафето? Дали по ручекот мора да каснете нешто слатко? Депресијата ја лекувате со чоколада? Ако на овие прашања сте одговориле потврдно, тогаш сигурно не сте задоволни со својот сексуален живот. Научниците тврдат - слатките во исхраната ја загорчуваат ситуацијата во спалната соба.
Истражувањето на канадските научници покажало дека исхраната богата со шеќери може привремено да го намали нивото на тестостерон, од кој пак зависи ерекцијата но и желбата за секс. Константно високото ниво на шеќер во крвта предизвикува домино ефект: триглицеридите растат, а опаѓа нивото на глобулин за кој се врзуваат полните хормони, по што тестостеронот паѓа во хибернација. Не паничете - пред вас не е животната дилема: секс или чоколада. Научниците велат дека сексуалниот живот ќе биде добар и ако продолжите да конзумирате слатки, сокови, и колачи... но во умерени количества.
|