Северина никако не успева да го преболи бившиот дечко Мате Чуљак и на сите можни начини се обидува да го придобие назад. - Вистина е дека Севе многу страда по Мате, пред некој ден му се јави да му ја врати кожената јакна, потоа отидоа на пијалак, па му предложила да гледаат филм заедно во едно загрепско кино - вели пријател на пејачката. Но, други извори пак велат дека ова е само обид на Северина да го сврти вниманието кон себе пред појавувањето на нејзиниот нов албум "Здраво Маријо".
Контроверзната хрватска пејачка и актерка Северина, конечно, ги откри деталите околу новиот албум на кој работеше речиси две години заедно со Горан Бреговиќ и Марина Туцаковиќ. Таа го опишува, пред се, како женски албум за кој објаснува дека е сниман на поинаков начин од претходните. Имено, кога се снимале вокалите, таа веќе ги знаела текстовите напамет, така што во снимањето можела да внесе повеќе искрени емоции или, како што вели самата, женски искрени емоции. "Новото ЦД донесува десет мелодиски и текстуално зрели песни кои ги опишуваат различните женски чувства. Ќе има радување, тага, но не и патетика", изјави Северина. Зад музиката е потпишан Горан Бреговиќ, а текстовите се на Марина Туцаковиќ. "Тоа ќе биде албум на возрасна жена, со песни какви што сакам, а не да излезам будала правејќи се помлад отколку што сум. Сите пејачки сакаат да изгледаат како да имаат 12 години", изјави Бреговиќ. Албумот е предвидено да излезе на 6 мај како издание на "Далас рекордс".
|