Дома Вести Предвремени избори
|
|
Предвремени избори |
|
Барањето на ДУИ се совпаѓа со најавата на раководството на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. Опозициската ДУИ денеска ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и за распишување предвремени избори. Темата за избори ја отворил и претседателот на ДУИ Али Ахмети на вчерашната средба со премиерот Никола Груевски.
Иницијативата ќе ја поднесеме, иако не знаеме кои партии ќе ја поддржат - вели висок партиски функционер.Извори во ДУИ тврдат дека на средбата Груевски го ислушал барањето на партијата и оценил дека тоа е легитимно право на секој политички субјект. Барањето на ДУИ се совпаѓа со најавите за распишување предвремени парламентарни избори, за што раководството на владејачката ВМРО-ДПМНЕ веќе донесло одлука. Според најавите, изборите би требало да се одржат во почетокот на јуни. Ако ВМРО-ДПМНЕ ја поддржи иницијативата на ДУИ, зад неа ќе застанат 54 пратеници. Но, извесно е дека мнозинство од 61 пратеник, потребно за да се распушти Собранието, ќе биде обезбедено со поддршката од пратеници на помалите партии. Ако има доволна поддршка, Собранието би можело да се самораспушти веќе во почетокот на следната недела.Според нашите информации, опозициската ДУИ ќе бара ВМРО-ДПМНЕ да гарантира дека во новата влада ќе влезат партиите што ќе победат во македонскиот и во албанскиот политички блок. Во партијата на Али Ахмети се убедени дека ќе освојат повеќе пратеници од владејачката ДПА, па не сакаат да им се повтори 2006 година, кога по изборите извисија во преговорите за составување на владата, иако имаа подобри резултати од главниот ривал ДПА. Висок функционер на ДУИ истакнува дека веќе имало договор со ВМРО-ДПМНЕ во новата влада да влезе победничката партија во албанскиот блок. Според него, со ваквите гаранции ќе се исполни петтото барање од „мајскиот договор“ за влада според принципот на Бадентер.Неофицијално, премиерот Никола Груевски е во дилема дали да го прифати условот на ДУИ. Тој веќе добил начелна поддршка за предвремени избори од лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тачи вчера по средбата со премиерот одби да коментира. На прашањето дали разговарале за избори и дали ДПА би поддржала распуштање на Собранието, тој само „крена раменици“. Последниот став на Тачи беше дека ниту предвремени избори ниту референдум нема да ни помогнат да излеземе од ситуацијата по ветото во Букурешт, но дека ДПА е подготвена за која било одлука на премиерот.Во СДСМ не сакаат да ги коментираат најавите за предвремени избори се' додека нема официјален став од премиерот и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Меѓународните претставници во земјава се' уште се воздржани за идејата за предвремени избори. Дипломатите со кои контактираше „Дневник“ велат дека се' уште немаат став дали се потребни предвремени избори. Според нив, ако власта сепак реши да го распушти Собранието и да ги распише изборите, најважно е тие да не предизвикаат нестабилност во земјава.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 28°C 1010mb |  14 km/h |
| | Bitola: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 28°C 1010mb |  14 km/h |
| | Gevgelia: |  | 27°C 1010mb |  calm km/h |
|
|