|
Популарната пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи утре во Њујорк официјално ќе ја овековечат својата љубов. По љубовните „излети“ кои од неодамна го поврзаа Џеј Зи со пејачката Ријана, а Бијонсе со кошаркарот Леброн Џејмс, двојката на почетокот на оваа недела извади дозвола за венчавка.
Бијонсе и раперот Џеј Зи веќе пет години се во врска, која медиумите ја „овековечија“ неколку пати. Кон крајот на минатата година, светските таблоиди напишаа за судбоносното „да“ што младенците наводно го изговориле во градот на светлината Париз, но портпаролот на познатата двојка ги негираше гласините. Но, ако последните информации се точни, оваа позната двојка ќе биде една од ретките која своите планови за венчавка успеа да ги одржи во тајност до последен момент.
|