Група нуркачи од Австралија постигнаа светски рекорд во подводно пеглање, откако оваа “домашна работа„ ја направиле на длабочина од три метри, каде поставиле даски за пеглање, пегли и алишта.
Натпреварот во “екстремно пеглање“ е одржано во водите на Тихиот океан, недалеку од Мелбурн, а стана култна дисциплина последниве години во Австралија. Учесниците на настанот, 72 нуркачи, го соборија претходниот рекорд што во 2005 година го постигнала група од 70 нуркачи во еден базен во соседниот град Гилонг. Учесниците на перформансот во Мелбурн се надеваат дека нивниот потфат ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
|