„Македонците си заминаа од самитот на НАТО во четвртокот и за тоа, ние не можеме да ги обвинуваме. Хрватска и Албанија добија членство во западната Алијанса на средбата во Букурешт, но Македонија беше исклучена поради апсурдна причина, „Грција не го сака нивното име“.
Со одлуката Грција треба да се срами и тоа е нечесно спрема НАТО кој има многу посериозни проблеми со кои се соочува и предизвици заради кои треба да биде загрижена. Името Македонија го делат поранешната југословенска Република и северниот дел од Грција. Од моментот која поранешната југословенска Македонија прогласи независност во 1991 година, Грците, рефлектирајќи византиска балканска политика - жестоко приговараат за името и симболите за кои сметаат дека се нивни. Како резултат на тоа, Обединетите нации привремено ја означија како поранешна југословенска Република Македонија - или не еуфорично ФИРОМ. Оттогаш Атина ги нормализира односите и многу држави, меѓу кои и САД се одрекоа од несоодветното ФИРОМ во корист на Република Македонија како што Македонија се нарекува себеси. Медијаторот на ОН се обиде да работи на компромис, но на крајот Грција членка на НАТО од 1952 година, го употреби своето вето. Алијансата работи врз основа на консензус. Малата Македонија не е никаква закана за Грција под кое било име. Всушност, со влегување во НАТО се зајакнува регионалната стабилност. Сега, постои загриженост дека неуспехот да се влезе во НАТО може да ги зајакне национализмот и анти-западното расположение како и да се загрози влегувањето во Европската унија. Претседателот Буш и европските лидери треба да работат посилно да се изнајде решение за овој корозивен проблем пред Грција пак да испрактикува вето. Сега тие мора да го засилат притисокот врз Грција да се изнајде компромис и со тоа навредата од НАТО кон Македонија да биде заборавена што е можно побргу.
|