Македонската делегација и официјално го напушта Самитот во Букурешт, ден порано. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, веднаш по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш која е во тек, заедно со новинарите, ќе го напуштат Самитот во Букурешт, јавија известувачите на МИА.
Црвенковски и Груевски ги откажаа сите натамошни активности на Самитот.
Одлуката да не и се даде покана на Македонија за членство во НАТО е пораз за принципите на Северноатлантската алијанса, рече шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски на прес-конференција во Букурешт која е во тек.
Целокупната одговорност за евентуалната дестабилизација на регинот отсега ќе ја има Грција, истакна Милошоски.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...