|
Буш, стоп за војната во Ирак! |
|
САН ФРАНЦИСКО, 29 октомври (Ројтерс) - Во повеќе градови во САД се одржаа масовни протести на кои е побарано итно завршување на војната во Ирак и враќање на американските војници во земјата.
Најмасовниот протест е одржан во Сан Франциско, во сојузната држава Калифорнија, каде учествувале околу 30.000 луѓе. Антивоени протести со различни кореографии се одржаа и во Филаделфија, Њујорк, Чикаго, Сиетл и други американски градови. Илјадници членови на работничките синдикати, антивоени активисти и други учесници во протестите во Сан Франциско, минуваа од Градското собрание до паркот Долорес скандирајќи Вол Стрит се збогатува, Ирачаните и американските војници гинат и Фрлајте стипендии, а не бомби. Протестите ширум САД се по повод пет годишнината откако во Сенатот на американскиот Конгрес беше изгласана одлука за започнување инвазија во Ирак.
|