Дома Живот Здравје Реинкарнација на срце
|
|
Реинкарнација на срце |
|
Американски научници на чело со Дорис Тејлор оживеле срце од починат стаорец, што значи дека во блиска иднина би можело да се создаде вештачко срце. Научниците прво земале срце од починат стаорец и од него го отстраниле сите крвни садови, залисци и главното ткиво. Потоа во тоа срце вметнале матични клетки од новороден стаорец. По осум дена започнале да ги слушаат првите отчукувања.
"Ги земавме природните делови со цел да направиме нов орган. Останавме без зборови кога ги слушнавме првите отчукувања", рекол Др. Харлд От. На овој начин би можело да се реши глобалниот проблем поради недостаток на доволно срца за трансплантација. Во светот 27 милиони луѓе годишно умираат од запирање на работата на срцето. Срцето кое повторно ќе се оживее освен во трансплантација би можело да се искористи и како лек за Алцеимеровата и Паркинсовата болест. "Идеата е повторно да се оживуваат органите со помош на нашите матични клетки. Бубрегот, црниот дроб, белите дробови... Посочете некој орган а ние ќе се обидеме да го направиме повторно функционален", рекла Тејлор.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 28°C 1010mb |  14 km/h |
| | Bitola: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 24°C 1012mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 28°C 1010mb |  14 km/h |
| | Gevgelia: |  | 27°C 1010mb |  calm km/h |
|
|