Дома Вести Пратеник / националност
|
|
Пратеник / националност |
|
При поднесувањето на кандидатската листа за пратеници во Собранието, кандидатот ќе мора да даде изјава за тоа на која од заедниците во Македонија и припаѓа и таа припадност нема да може да ја менува наредните четири години, ако тој биде избран за пратеник.
Ова е суштинската одредба во Предлог-законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, за кој веќе е закажана собраниска седница. "За првпат основањето, начинот на работа и одлучувањето на Комитетот се уредуваат со закон, за да биде тој во иднина заштитен од секакви злоупотреби на партиите во Парламентот", вели Сашо Василевски, заменик-министер за правда. Тој притоа демантира дека овој предлог-закон е резултат од некаков мајски договор и вели оти е категорична заложба на меѓународниот фактор - една од битните работи што треба да ги направиме за да може да преговараме со Европската унија. Комитетот, кој сега не е заштитен со закон туку постои и работи врз основа на одлука за негово формирање, ќе брои 19 членови од редот на пратениците или седуммина Македонци, уште толку етнички Албанци и по еден Ром, Влав, Србин, Бошњак и Турчин. Седумте места од двата табора, објаснува Василевски, ќе бидат пополнети според соодветната процентуална застапеност на партиите во Парламентот. Дознаваме дека опозицијата ќе реагира на предложената одредба седница на Комитетот да може да свика и претседателот на Владата. Веќе се подготвува и амандман претседателството на Комитетот да биде ротирачко, на една година.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 13°C 1014mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1013mb |  19 km/h |
| | Bitola: |  | 13°C 1014mb |  10 km/h |
| | Prilep: |  | 13°C 1014mb |  10 km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1013mb |  19 km/h |
| | Gevgelia: |  | 24°C 1008mb |  11 km/h |
|
|