Yahoo, светски познатиот провајдер на интернет услуги денеска лансираше нов сајт наменет за жени помеѓу 25 и 54 години, именувајки ја оваа таргетирана група како досега недоволно „услужена“ од моменталните услуги кои ги нуди провајдерот.
Понеделничкото објавување на сајтот под името Shine е наменето за давање можност на Yahoo да се маркетира кон најглавниот донесувач на одлуки во домакинството: нејзиното височество - жената.
Како причина за појава на Shine, Yahoo го наведува притисокот од страна на козметичките компании, препродавачите на стоки наменети за жени кои барале нови начини за да допрат до својот таргетиран дел од пазарот.
Ами Иорио, заменик претседател на Yahoo Lifestyles, соопшти дека нивното истражување дало информации дека самите жени имале потреба и барале веб страна каде ќе може да собираат различна содржина и да воспостават комуникација со други жени.
“Овие жени се еден вид на грижољубиви личности кон сите што се наоѓаат во нивната околина и кои бараат едно место кое ќе им овозможи сè“ – изјави таа.
Yahoo преку Shine влегува во пазар кој веќе е услужен од страна на Glam Media и iVillage. Овој сајт е првиот кој е наменет строго за одредена демографска група, и покрај тоа што останатите сајтови како Finance и Sports индиректно привлекуваат определена клиентела.
На страниците на Shine, Yahoo планира да објавува содржини поврзани со родителство, љубов, секс, здрав живот, храна, пари и кариера, забава, мода, убавина, домашен живот и астрологија.
Yahoo, за содржините на Shine, влезе во партнерство со медиа компаниите како Hearst Communications и Rodale. Hearst Communications ги објавува списанијата Redbook, Cosmopolitan, Good Housekeeping и други, додека Rodale објавува повеќе списанија за спорт и рекреација вклучувајки го и списанието Women's Health.
За разлика од останатите веб страни на провајдерот, Shine е изработен во форма на блог, со најнови содржини на врвот на страната и коментари од едиторите. Извор IDIVIDI
|