183 икони со различна големина изработени во Грција наместо на српскиот пазар, завршија во македонската царина. Инспекторите на граничниот премин Богородица непријавената роба ја откриле во кабината на камионот, сокриена во шест пакети.
„Возилото е таргетирано од мобилните тимови на одделението за оперативни работи и е подложено на контрола со скенер“, рече Александар Блажевски, мобилен тим на Царинска управа.
„При мобилната контрола со скенер откриени се неправилности, односно рентген возилото ни покажа слика во кабината во којашто се наоѓаа шест пакети скриени под креветот на шоферот“, додаде Блажевски.
Во тек е проценка на вредноста на иконите, кои се направени од злато и сребро и за кои има сертификат.
Иконите се одземени, а комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа веднаш по откриената роба го сослушала српскиот државјанин. Тој е казнет за царински прекршок, за што платил казна од 4.500 евра.
AP - Toyota said Thursday that its fiscal first-quarter profit plummeted 28 percent, and the automaker stuck to its forecast that full-year profit will...