Без сомнение, бикинито се враќа во мода, како на плажите така и на модните писти. Но, дали некогаш сте помислиле да потрошите 30 милиони долари за еден пар бикини? Бикинито кое го презентираме е креација на Susan Rosen која при изработката користела Steinmetz дијаманти.
Најскапото бикина на светот е изработено само од дијаманти и тоа со повеќе од 150 карати од типот D Flawless, 51 карат од типот на D Flawless Pear Shape, 30 карати од типот на D Flawless Emerald, пар од 15 карати D Flawless Rounds и пар од 8 каратни D Flawless Pear Shapes дијаманти поставени на подлога од платина.
Простор за ткаенина нема. Презентацијата на ова бикини и беше доделено на манекенката Моли Симс која за ревијата го изјавила сленово: “Кога ги извадија парчињата на бикинито, се изненадив! Бикинито скоро и да не ме покриваше! Се колнам дека помеѓу облекувањето и завршувањето на фото сесијата изгубив половина килограм преку потење. Бев многу нервозна. Си велев: Боже покажувам голем дел од мојот задник!!! Леле, не сум ни имала задник!!! Немам бразилски задник!!! Не сум бразилка и немам 16 години !!! Имаше 30 милиони долари помеѓу огрлицата, двата дијаманти на градите и огромниот дијамант на мојата... . 30 милиони долари!!!“
|